Земјотрес во Романија!

Објавено на 2 мај, 2013 во 15:14

На подрачјето на планината Вранча, во Романија денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти романскиот Национален институт за геофизика.

Потресот бил на длабочина од 150 километри под површината на земјата, а најблиски градови до епицентарот се Ковасна, Фокшани, Ромнику Сорат, Торгу Секвиеск и Морошешт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.