Бомбашот од Бостон,Тамерлан Царнаев тајно погребан во Верџинија!
Погребот се одржа деновиве но првобитно не е соопштено каде е погребан Царнаев.
Неговиот чичко, Руслан Царни открил дека Тамерлан Царнајев е погребан во Вирџинија. Погребувањето било извршено откако е пронајдена заедница која изрази желба да го превземе телото на Царнаев кое до тогаш се наоѓало во мртовечница во Ворчестер, во сојузната држава Масачусец. Претходно градските гробишта не сакале кај нив да биде погребано телото на осомничениот бомбаш.
Царни рекол дека една верска заедница помогнала телото да биде погребано и не открил каде точно се наоѓа гробот на неговиот внук.
Царнаев беше убиен на 19 април, додека се обидуваше да и избега на полицијата по огнена престрелка. Неговиот помлад брат, Џохар, подоцна во денот беше уапсен и се наоѓа во притвор./Б.Н.Т