Во Њујорк поставен врв на новата зграда на Светскиот трговски центар!
Висок, масивен врв е поставен денеска на покривот на новата зграда на Светскиот трговски центар со кој објектот ја достигна својата симболична висина од 541 метар поточно 1.776 стопи, по годината во која Соединетите Американски Држави прогласија независност.
Громогласни аплаузи и извици на воодушевување излегоа од грлата на работниците на конструкцијата. Тие се собраа на привремената работна платформа на покривот на зградата, додека огромниот сребрен врв се спушташе на предвиденото место пренесоа американските медиуми.
Со поставувањето на последните два дела од 124,36 метри, беше комплетирана кулата од 758 тона, од деловите кои минатата недела беа транспортирани на покривот на зградата. Врвот ќе служи како антена.
Новоизградената зграда се наоѓа на северозападниот дел на местото каде се наоѓаа кулите близначки на Светскиот трговски центар кој беа уништени во терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Уште една зграда на Светскиот трговски центар од 72 ката се гради на југоисточниот агол на локацијата.
Според планот за реконструкција, предвидено е на местото на некогашните кули близначки, да се изградат четири трговски небодери. Со денешното поставување на врвот, Светскиот трговски центар стана највисок небодер во САД и трет во светот.