Експлозија во таверна на остров во Егејско море!
Објавено на 20 мај, 2013 во 08:05
Двајца се хоспитализирани во болница од вкупно 14 лица, ранети во експлозија која синоќа се случи во таверна, на грчкиот остров Саламина во Егејското море. Експлозијата се случила синоќа околу 22 часот.
Се уште се утврдуваат причините за експлозијата, а според првичните податоци од истрагата, во таверната имало повеќе кантисери со гас.