(ВИДЕО) Огромен кран се урна и влезе во станови во Русија!
Во рускиот град Киров, оддалечен околу 100 километри североисточно од Москва, се урна голем градежен кран над блок од стамбени згради и влезе во станови на неколку ката на деветокатница во која живеат 250 луѓе и 37 деца. Зградата претрпе голема материјална штета и за среќа нема повредени, јавија руски медиуми.
Сведоци тврдат дека прво слушнале јака бучава за набрзо потоа да видат како кон нив се спушта неколку тона тежок градежен кран кои со јак тресок им упаднал во становите.
Додека кранот уривал тераси на фасадата од зградата преплашените станари се дале во поттрк по место во ходниците, како посигурно засолниште.
Освен фасадата и терасите, голема штета претрпеле и седум автомобили паркирани пред зградата. Еден од нив е целосно згмечен и уништен.
Регионалното министерство за кризни состојби ги истражува тврдењата дека кранот не бил прописно обезбеден и дека јакиот ветер го подигнал од местото на кое бил поставен.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=cukkIojeilU{/youtube}