Се запали грчки брод!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 19:46
Првата тура за ова лето за бродот на релација Пиреа – Сирос – Миконос – Самос, почна со пожар.
Пред пристигнување на островот Миконос избувнал пожар. Веднаш е интервенирано и пожарот е ставен под контрола. 248-те патници поминале без повреди. Истрагата ќе ги покаже кои биле причините за пожарот. Првичните информации говорат дека пламенот избувнал во делот на оџакот. Капетанот бил принуден сите патници да ги собере во холот,и да им соопшти дека е потребно да ги стават на себе појасите за спасување.
Неколку од патниците се пожалиле на проблеми со дишењето од чадот, и им била пружена лекарска помош. До исчекување на помош од крајбрежната служба за пренесување на патниците во друг брод, фериботот се наоѓа на отворено море.