Земјотрес на Крит и Санторини!
Објавено на 16 јуни, 2013 во 13:14
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени, според Рихтерова скала, го погоди јужното крајбрежје на грчкиот остров Крит.
Според атинската опсерваторија потресот е регистиран на 483 километри југоисточно од Атина.
На подрачјето на Крит синоќа во текот на ноќта беа регистирани шест земјотреси, од кои три со интензитет од 5,9 степени според Рихтер.
Се уште нема податоци за повредени, ниту пак за материјална штета.
Земјотресот го регистрираше и Американскиот сеизмолошки институт со епицентар на околу 60 километри јужно од градот Пиргос и на длабочина од 10 километри.