Скандали во Ватиканската банка
Објавено на 2 јули, 2013 во 11:51
Првите луѓе на Ватиканската банка, директорот и неговиот заменик, поднесоа оставка.
„Паоло Киприани и Масимо Тули понудија да се повлечат во понеделникот во најдобар интерес на институтот и на Светата столица“ , изјавија од Ватикан за Би Би Си.
Интересно е што оставката доаѓа по само три дена од апсењето на монсињорот Нунсио Скарано. Тој е осомничен за проневера од 20 милиони евра. Полицијата го следела подолго време за серија на сомнителни трансакции со чекови опишани како донации за црквата.
Л.С.