Еврозоната постигна согласност за нова помош со Грција
Објавено на 13 јули, 2015 во 08:31
Лидерите на еврозоната на разговорите кои траеле целата ноќ едногласно се согласија за нова програма за финансиска помош на Грција, јави Радио Слободна Европа.
Ова го напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Лидерите, според Туск, се подготвени да и помогнат на Грција ако спроведе сериозни реформи. За денеска е закажан нов самит на еврозоната.