Хомосексуален пар во Хрватска, за прв пат, доби старателство над дете
Објавено на 13 јули, 2015 во 13:18
Две мајки во Загреб, Хрватска добија партнерско старателство над дете, пишува „Загреб прајд“. Идентитетот на мајките и на детето се уште не се открива.
Ова е прва двојка која по една година откако е донесен Законот во Хрватска за остарување права за животно партнерство од ист пол, оствари право на заедничко старателство над дете.
Според Законот кој е во сила веќе една година во Хрватска, животни партнери имаат право да поднесат барање за остварување на правата на заедничко старателство над дете или деца.
Извор: Канал 77