Судири пред грчкиот парламент – „молотови“ коктели летаат кон полицијата
Тешки судири избувнаа пред грчкиот парламент, додека пратениците дискутираа за договорот со ЕУ за избегнување на банкрот. Грците фрлале молотови коктели над полицијата, која одговорила со солзавец и биле принудени стотици луѓе да бегаат на централниот плоштад „Синтагма“, соопштија грчки медиуми.
Над 12 000 луѓе се собрале на протест со што неколку групи млади почнале да кршат излози и запалиле најмалку еден автомобил во срцето на Атина. Десетици молотови коктели биле фрлени во полицискиот кордон околу парламентот. Непосредно пред судирите демонстрантите поминале со плакатите „откажете го договорот“ и „Не на политиката на ЕУ, ММФ и ЕЦБ“, пренесоа агенциите.
Насилните протести се првото сериозно насилство откако влада на „СИРИЗА“ дојде на власт. Судирите се совпаднаа со почетокот на расправата за усвојување на законите за зголемување на даноците и намалување на пензиите, кои ќе ги осудат Грците години лишувања.
Законите, кои се услов за давање на спасувачка помош на Атина, ги разгневија членовите на владејачката партија и кренале бунт многумина од нив против премиерот Алексис Ципрас. Се очекуваше повеќето пратеници на „СИРИЗА“ да гласаат против спасувачкиот пакет но сепак тој помина и грчкиот парламент ги прифати барањата на кредиторите. Во исто време 24-часовен штрајк го блокира јавниот транспорт и затвори сите јавни услуги во земјата.
Доцна во ноќта грчкиот парламент го усвои законот за реформите, кои беа договорени како предуслови за почеток на преговори со кредиторите.
Помошта ќе биде со зафатнина од 80-90 милијарди евра, а владите на земјите од еврозоната ќе обезбедат меѓу 40 и 50 милијарди од оваа помош, а остатокот ќе дојде од ММФ и финансиските пазари.
„За“ гласаа 229 пратеници во 300-члениот парламент на Грција. Шестмина се воздржани, а „против“ беа 64 пратеници
Вкупно 32 пратеници од владејачката левичарска партија „Сириза“ на Алексис Ципрас гласале „против“, додека 6 гласале „воздржано“. Меѓу гласачите „против“ се поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, првиот заменик министер за финансии во оставка Надја Валаам, министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, првиот заменик министер за здравство Димитрис Стратулис и првиот заменик министер за одбрана Костас Исихос.
Извор: Фактор