Повторно отворање на грчките банки
Објавено на 20 јули, 2015 во 10:41
Грчките банки денеска ги отвораат вратите за клиентите откако беа затворени на 29 јуни под страхување дека земјата ќе банкротира поради неможноста да постигне договор за финансискиот долг.
Грците од тогаш можеа на банкомати да подигнуваат само по 60 евра дневно. Од денеска тие ќе можат неделно да подигнуваат до 420 долари. Ваквите рестрикции не важат за Грците или за странците кои имаат странски платежни картички.
Извор: Радио Слободна Европа