Вонреден состанок на НАТО по барање од Турција
Објавено на 27 јули, 2015 во 08:20
НАТО соопшти дека ќе одржи вонреден состанок на Советот на Алијансата во вторник за да се разгледаат турските воени операции против милитантите наИсламската држава и против борците Курдската Работничка партија. НАТО соопшти дека состанокот бил побаранод Турција која ги продолжува воздушните напади во соседните Сирија и Ирак.
Турската државна телевизија синоќа објави дека биле извршени нови напади врз курдски бунтовници на северот на Ирак. Авионите полетале од базата во Дијарбекир. Новинските агенции потсетуваат дека со тоа е нарушен договорот за прекин на огнот меѓу Анкара и курдските бунтовници кој е на сила од 2013 година.
Извор: Радио Слободна Европа