Се запали автобус на белградска „Ласта“ полн со србски туристи кои се враќаа дома од летување во Црна Гора
Автобус на белградскиот превозник „Ласта“ со кој патниците се враќале од летување кон Србија, синоќа изгорел на магистралниот пат Подгорица – Колашин во местото Миоска.
За среќа нема жртви, но некои од патнците останале без патните исправи и без багаж.
Настанот се случил околу 21 часот и 17 минути кога задниот дел од автобусот при возењето пламнал.Според зборовите на очевидците, возачот успеал на време да го запре автобусот и евакуира патниците, откако со противпожарни апарати почнале да го гасат задниот дел од автобусот.
„Седев напред и забележав дека се запали некоја ламбичка на контролната табла. Возачот се паркираше покрај патот и излезе да види што се случува. Само дваесетина секунди подоцна, истрча кон задната врата, викајќи ни да го напуштиме автобусот бидејќи се запалил моторот“, вели Стефан Миливојевиќ, еден од патниците.
– До пожарот дошло поради спој на електроинсталацијата на автобусот – говорат неофицијалните информации. Инаку, сите патници веќе се згрижени и успеале да излезат од огнената стихија.
Извор: Канал 77