Седумдесет години од атомската бомба врз Хирошима
Граѓаните на јапонскиот град Хирошима денеска ја одбележуваат 70-годишнината од фрлањето на атомската бомба врз нивниот град. Сеќавањето на катастрофалните последици од тоа бомбардирање, како и она што следуваше врз Нагасаки, уште една можност за апел за забрана на нуклеарното оружје во светот.
Во 8 часот и 15 минути, точно кога бомбата експлодира на 6 август 1945 година, граѓаните на Хирошима со молчење го проследија традиционалното одѕвонување на Ѕвонот на мирот.
Атомското бомбардирање врз Хирошима во кое до крајот на 1945 година загинаа 140 илјади луѓе беше проследено со уште едно на 9 август врз Нагасаки во кое беа убиени 40 илјади луѓе.
Втората светска војна заврши на 15 август со безусловна капитулација на Јапонија.
Градоначалникот на Хирошима Касуми Мацуи побара атомското оружје да биде укинато.
Извор: РСЕ