Приведен македонски возач во Србија
Поради сомневање дека предизвикал тешка несреќа во која загинаа две деца во Србија е приведен 48-годишен македонски државјанин.
Како што објавија српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.
Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.
Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете.
Нивните мајка и татко со другите три деца биле тешко повредени и пренесени во болницата во Смедерево.
Македонскиот возач на автобусот, според српските медиуми, не застанал, туку продолжил да вози, по што удрил и во крајслер со бугарски регистерски таблички, кога тешко била повредена 30-годишна бремена жена.