Питон од два метри предизвика хаос на белградските улици
Последните денови жителите во белградската општина Звездара живееле во страв бидејќи во нивната улица е виден – питон!, пишува срски „Ало!“. А потоа змијата била овековечена и со видеоснимка! Меѓутоа, целата ситуација вчера добила разврска.
Питонот кој е долг околу два метра уште пред шест дена му побегнал на газдата и никој не можел да го најде. Секој што знаел дека змијата е на слобода, постојано живеел во страв дека ќе налета на питонот, но од змијата со денови немало ниту траг ниту глас, се до завчера.
– Погледнавме вчера низ прозорецот и се шокиравме. На покривот кај соседите преку улица се распослал питон – рекле загрижените белграѓани. Питонот најверојатно се криел во олукот, а го искористил убавото време да се довлечка на покривот за малку да се исонча. Сопствениците на куќата од страв не смееле да ги отворат прозорците за змијата случајно да не влезе во куќата.
– Се сончаше со часови. На сопственикот како да не му беше грижа. Повикавме и полицијата. Дури рано утринава сопственикот дојде и го зеде својот „миленик“ кој цела ноќ ја помина на покривот – рекле огорчените граѓани.
Извор: Плусинфо.мк