Ципрас ќе го признае Косово
Грција го признава Косово, ова го пишува во денешниот број белградското списание “Блиц”. Според весникот, властите во Атина и лично Ципрас “биле подложени на суров притисок од страна на западните држави”.
“За да добијат финансирасикси и средства, Големите сили го поставувале како услов на грчката влада и на премиерот Алексис Ципрас признавањето на независноста на Косово”, пишува уште весникот и прецизира дека самиот Ципрас бил бесен на српскиот министер за надворешни работи вицепремиер во кабинетот на Александар Вучиќ Ивица Дачиќ. Пред некое време Дачиќ го критикуваше однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи. Ципрас “бил лут и на самиот Вучиќ, кој ја критикувал економската програма на грчката Влада”.Потсетуваме дека Косово прогласи независност во февруари 2008 година. До денес над 100 земји, вклучително и Бугарија и Македонија во регионот ја признаа независноста на поранешната српска покраина.
Извор: Локално.мк