Идејата за изградба на ѕид долж границата со Македонија беше одбиена од Србија
Идејата на лидерот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ за изградба на ѕид долж границата со Македонија беше едногласно отфрлен од властите во Србија, опозицијата во земјата, како и невладиниот сектор.
Според Поповиќ со исправање на ѕид од страна на Србија ќе се спречи неконтролираниот наплив на емигранти од Блискиот Исток и Северна Африка. Тој, исто така, предложил и рокот за донесување на одлука за барање за азил да се скрати на 48 часа.
„Ѕидовите досега не ја одбранија Унгарија и Бугарија, а тоа не направи и контрола на морето кон Грција и Италија“, изјавил за српското издание „Блиц“ српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин.
„Србија побара од ЕУ да ја формулира својата политика и во зависност од неа ќе заземеме позиција според нашите интереси. Сепак Србија не е цел на имигрантите и ние засега немаме проблеми со бројот на луѓето кои бараат азил“, изјавил Вулин.
Според лидерот на парламентарната група на Демократската партија во српскиот парламент Борислав Стефановиќ предлогот на Српската народна партија е мотивиран од „опасни десничарски идеи“, како и дека проблемот со имигрантите е многу посложен од изградбата на ограда.
Извор: Фактор.мк