Косово бара поддршка за членство во УНЕСКО
Објавено на 22 август, 2015 во 09:56
Косово побара Советот за безбедност на ОН да ја поддржи кандидатурата на земјата за членство во УНЕСКО. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ претходно изјави дека Косово се уште ги нема потребните квалитети за членство во агенцијата на ОН, обвинувајќи дека земјата не ги чува српските православни цркви и манастири од напади.
Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи ја обвини Србија дека се обидува да го изолира Косово, за да не може да ги искористи можностите кои ги нуди УНЕСКО. Земјите членки на УНЕСКО во ноември ќе одлучат дали да ја одобрат кандидатурата на Косово.
Извор: Радио Слободна Европа