КАЧАНИК – Џихадистичка престолнина на Балканот
Meстото Качаник на југот од Косово ја стекна неславата репутација на „џихадистичка престолнина на Балканот“ бидејќи од 30 000 негови жители, 24 отишле да се борат на страната на Исламската држава во Ирак и Сирија, пишува британски „Дејли Телеграф“.
Во изминатите три години, 24 мажи од Качаник отишле да се борат на страна на џихадистите во Ирак и Сирија.
Еден од нив, Лаврим Мухаџери (25), минатото лето на социјалната мрежа Фејсбук, објавил фотографии на кои на еден заложник му ја отсекува главата, осомничен за шпијунажа против ИС.
На друга фотографија, Мухаџери погубува еден Сириец, убивајќи го со граната од рачен фрлач.
Министерството за внатрешни работи проценува дека околу 300 жители на Косово тргнале по стапките на Мухаџери.
Заедно со Албанија, од која тргнале 200 џихадиисти и Бих, со околу 160, Косово се гледа како потенцијална „лансирана рампа“ за ИС во нејзиното настојување да воспостави нов фронт против Европа на Балканот, наведува британскиот весник.
Извор: Фактор.мк