Поранешна министерка бара Британија да прими дел од мигрантите
Поранешниот британски министер и сега кандидат за нов лидер на Лабуристичката партија Ивет Купер, побара од владата на премиерот Дејвид Камерон да се согласи во Велика Британија да бидат прифатени десет илјади мигранти.
Според Купер, земјата може да го направи тоа, а како членка на ЕУ, има и обврска да учествува во распределбата на напливот мигранти од Блискиот Исток.
Таа е првиот британски политичар која јавно се заложи за бегалците, во услови на распалена антиимигрантска кампања во Британија, што ја водат, главно, евроскептичните лондонски таблоиди и повеќето од политичарите од владеачката Конзервативна партија.
За сегашната европска мигрантска криза, тие ја обвинуваат ЕУ и политиката на отворени граници и слободно двиѓење на луѓето низ земјите на Унијата, осудувајќи ја Шенгенската согодба и заговарајќи нејзнино суспендирање.
Британските антиеверопски медиуми, на „кризата со мигрантите во Европа„ гледаат само како на „добар аргумент„ за премиерот Камерон во неговите притисок до Брисел и до партнерите во ЕУ, за реформирање на Унијата.
Другите лабуристички кандидати за нов лидер, како и левичарот Џереми Корбин кој се очекува сигирно да победи на изборите, засега, не реагираат на барањето од Ивет Купер.
Имигрантското прашање е едно од најважните во актуелната британска политика, особено откако стана јасно дека досегашните владини ветувања, за запирање на имигрантскиот бран, не дадоа никаков резултат.
Извор: Плусинфо.мк