Железничката станица во Будимпешта ги отвори вратите за мигранти
Објавено на 3 септември, 2015 во 08:24
По два дена, меѓународната железничка станица Келети во Будимпешта ги отвори вратите за илјадниците мигранти, јави Телма. Бегалците од земјите зафатени од војна, Сирија, Авганистан, Еритреја и други држави од Блискиот Исток, со трчање влегуваат во вагоните. Камерите и фотоапаратите регистрираат како луѓето панично бараат место влегувајќи дури и преку прозорците на возовите.
Но нивните надежи се целосно скршени, како што самите велат, по објавата на унгарската железница, дека ниеден воз, поради безбедносни причини, нема да се упати кон Западна Европа.
До синоќа, мигрантите во шатори ноќеваа во преминот под „Келети“, а во текот на деновите со протести го изразуваа незадоволството од нечовечкиот однос кон нив.
Текстот е превземен од Телма.