Нечовечно: Снимателка од унгарска телевизија сопнуваше и шутираше бегалци
Објавено на 9 септември, 2015 во 08:42
Снимателка на унгарска телевизија, од медиумите идентификуван како Петра Ласло, три пати нападна бегалци кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Таа сопна човекот со дете во рацете и клоцаше девојче и момче.
На снимките на унгарската телевизија N1TV се гледа како снимателката сопнува човек со детето и на тој начин им помогна на полицајците да го фатат.
Друго видео покажува како снимателката шутира еден млад човек, а потоа и една девојка.
Наводно, снимателката по серијата инциденти беше отпуштена од телевизијата во која работела.
Извор: Локално.мк