Хаос, очај и тензии на српско -унгарската граница
По недели предупредувања унгарските власти му застанаа на т.н. бегалски автопат кон Западна Европа. На патот меѓу српското погранично село Хоргош и унгарското Роске каде е лоциран граничниот премин, е сместена подвижни ограда, пренесе Локално.
4 метри огради и кордон од унгарски гранични полицајци го блокираат патот на стотиците бегалци на прагот на Европската унија. Местото е официјален граничен премин и според уверувањата на унгарските власти по регистрација мигрантите мора да поминат.
Така во таа ничија земја меѓу Србија и Унгарија во моментов има неколку стотини бегалци и мигранти. Во тампон зона сеуште нема обезбедено храна, вода или хуманитарна помош.
Според новото унгарско законодавство бегалците ќе можат да преминуваат во територијата на Шенген само на официјален контролен пункт и под два услови: да се регистрирани како баратели на азил во Белград и да оставаат отпечатоци во Унгарија.Тешко е да се замисли човек дека во XXI век во Европа ќе го гледаш тоа – бодликава жица, огради, деца, бебиња дури, без какво и да е човечко однос, коментира српскиот социјален министер Александар Вулин.
Тоа е постапка која повеќето од бегалците ја избегнуваат од страв дека може да бидат вратени повторно во првата регистрирана земја која е дел ЕУ.
Војската веќе официјално ги чува границите на Унгарија, а властите се заканија дека ќе го уапсат секој што обиде да мине нелегално или ја оштети новоизградената ограда.Тие е зканија и со депортација на илегалните имигранти.
Текстот во целост прочитај го тука.