Бегалци го блокираа граничниот премин Брегане на хрватско – словенечката граница
Над 300 илегални имигранти синоќа целосно го блокираа граничниот премин Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“.
Според весникот, блокадата ја поттикнале група словенечки активисти кои го поддржуваат влезот на бегалците во Словенија. Тие им препорачале на имигрантите да го блокираат преминот со цел да извршат доплнителен притисок врз словенечката полиција за да побрзо да ги пушти да влезат во Словенија.
Бегалците седеле или лежеле на патот извикувајќи „Отворете ја границата“, со што го спречиле движењето на сите оние кои сакале да ја мината границата.
На место на настанот приситгнале околу 60 припадници на словенечката полиција за справување со немири, придружувани од кучиња, кои формирале жив ѕид на преминот, а реонот го надлетувал и полициски хеликоптер.Ж
Бегалците извикувале „Отворете ги границите“ и носеле транспарент „Без граници, без нации“, јави Радио Слободна Европа.
Според „Вечерњи лист“ на преминот е формирана колона возила долга неколку километри.
Извор: Плусинфо