Приведени политичари во голема полициска акција во БиХ
Објавено на 29 септември, 2015 во 08:32
Во неколку града во Босна и Херцеговина во тек е голема полициска акција, при што се приведени и неколку политичари. Станува збор за пратеник во Собранието на Тузла, Мерсед Шерифовиќ и кантонскиот министер за трговија, туризам и сообраќај, Един Ајановиќ.
Федералната полиција извршила претрес и во куќата на поранешниот министер Јерко Иванковиќ Лијановиќ, кој е приведен и во полиција.
Полициската акција се спроведува заради злоупотреба на земјоделски субвенции.
Извор:Телма