Нова трагедија – Повторно удавени бегалци во Егејското Море
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, и комесарот Димитрис Аврамопулос ќе го посетат грчкиот остров Лезбос, за да се запознаат на место со условите за прием на имигранти.
Областа станала постојано место на черепи за имигрантите кои патуваат по море. Бројот на удавените мигранти во Егејското Море се зголеми со смртта на жена, доенче и девојче при инцидент со брод, кој се слулил недалеку од островот Лезбос, соопшти грчкото Министерство за морскaта флота.
Грчката крајбрежна стража и хеликоптер на европската гранична служба „ФРОНТЕКС“ презеле спасувачка операција во зоната помеѓу Лезбос и турскиот брег, откако добиле сигнал од турски патролни служби.
21 мигрант биле спасени и однесени во Турција. Телата на трите жртви биле пронајдени од нуркачи под превртениот брод, во кој се возеле.
Извор: Фактор.мк