Убиен мигрант во крвава престрелка на бугарско – турската граница
Објавено на 16 октомври, 2015 во 07:29
Премиерот Бојко Борисов поради итноста ја напуштил седницата на Европскиот совет. Еден човек е убиен при пукање на бугарско-турската граница крај Средец, Бургаски.
Инцидентот се случил откако 54 лица, од кои повеќето Авганистанци, се обиделе да влезат илегално во Бугарија соопштува bTV.
Тие биле вооружени и влегле во престрелка со припадници на МВР, при што еден од мигрантите е убиен.
Премиерот Бојко Борисов ја напуштил поради инцидентот средбата на евролидерите во Брисел, каде што Бугарија ќе биде претставена од премиерот на Литванија Далија Грибаускајте, пренесуваат бугарските медиуми.