Словенија се подготвува за бегалски „Берлински ѕид“, во Македонија уште „мазно“
Словенечкиот парламент со 66 гласа „за“ и даде дозвола на армијата, заедно со словенечката полиција или самостојно, во одделни ситуации да ја заштити границата на Словенија од големиот бран бегалци од Блискиот Исток и од Африка. Армијата на Словенија брои 7.000 припадници кои од утрово веќе започнаа да се распоредуваат долж 670 километри долгата граница со Хрватска,пишува Плусинфо.
Армијата во следните три месеци, како што изјави министерката за одбрана Андреја Катич, ќе има задача да ги спроведува бегалците кон Австрија, времено да го ограничува нивното движење низ земјата, заедно со полицијата или самостојно да воспоставува контрола врз бегалците, и, ако се обидат да бегаат, да ги смири, а притоа да може да употреби сила врз нив.
Словенечкиот премиер Миро Церар рано утрово изјави дека одлуката всушност значи само заштита на границите на Шенген зоната. Словенечките медиуми јавуваат дека веќе на неколку контролни пунктови се поставени оклопни возила, а дел од бегалците кои се нашле на меѓузоната помеѓу Хрватска и Словенија, по проверката се спроведуваат во групи кон премините со Австрија.
Хрватските медиуми, пак, јавуваат дека повеќе од напнато е на неколку локации на границата со Словенија, бидејќи бројот на бегалците од час во час се зголемува, а нивниот проток е отежнат, не само од дождот, туку и од бавната работа на словенечките власти. Словенечките власти, од друга страна, велат дека во текот на ноќта ненајавено на нивна територија пристигнал воз со 10 патнички вагони кој превезувал повеќе од 3.000 бегалци, а за него не добиле известување од соседна Хрватска.
Текстот во целост прочитај го тука.