Украина и Русија ги прекинаа директните летови
Објавено на 26 октомври, 2015 во 10:00
Директните летови меѓу Украина и Русија од вчера во целост се прекинати.
Одлуката била донесена по влошувањето на односите меѓу двете земји поради судирите меѓу проруските бунтовници и украинските сили за безбедност на истокот на земјата. Околу 100 илјади патници секој месец патуваа на релацијата Киев Москва и обратно.
Извори: Радио Слободна Европа