Србија нема да поставува жица на границите
Објавено на 27 октомври, 2015 во 13:29
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека неговата земја нема да поставува жица на своите граници. Тој во интервју за германскиот дневен весник „Ханделсблат“’ посочува и дека не може да ја замисли ситуацијата во која тоа би го направила и Германија, бидејќи во бегалската криза сите гледаат кон таа земја.
Според него, сеедно е дали и Хрватска ќе крева жица на границата кон Србија, неговата Влада нема да крева жица на границата, ниту кон Бугарија, ниту кон Македонија. Вучиќ нагласи и дека во Србија не владее нервоза кон бегалците, каква што, според него, може да се забележи во регионот.
Извор: Радио Слободна Европа