Разочарани од Германија-Во Ирак се вратија првите бегалци !
Германија не се покажува како ветената земја за неколку ирачки бегалци кои решија да се вратат во својата земја наместо да ги трпат унижувањата и тешкотиите во Европа, пишува британски “Телеграф”.
Ирачаните Азиз Кадир (Курд) и Науаф Алиас (од етничката заедница Јазид) се меѓу првите 50 нивни сонародници кои останаа разочарани од Германија и се вратија во својата земја и покрај опасностите. Откако помина низ балканскиот правец на бегалците, вели Мохамед Кадир, се најдов во бегалски камп во Берлинскиот предградие. “Кога првпат влегов во кампот, останав шокиран од разликите меѓу претставата за Берлин и она што го видов”, изјави 24-годишниот Кадир. “Бев втора класа човек, не чувствував почит. Кога излегував на прошетка низ градот, беше јасно дека сум човек од кампот – бегалец “. Бегалските агенции тврдат дека се повеќе Курди се враќаат дома, без оглед дека десетици илјади Сиријци, Авганистанци и Ирачани преземаат опасните патувања во Европа.
Според ирачкото Министерство за миграција 25 000 луѓе од ирачки Курдистан напуштиле регионот, за да бараат среќата во Европа. Но, само минатата недела 50 курдски бегалци се вратија од Германија во Ербил – регионалната престолнина. За да стигне до Германија, тој бил транспортиран шверцувани во ладилник камион со друга група бегалци, продолжува да раскажува тој за Telegraph. “Седевме со колена, притиснати, едвај дишењвме. Патувањето не беше човечко. Се чувствувавме како добиток. Луѓето користеа шишиња како тоалет и мирисот беше многу лоша “, раскажува младиот маж. Но и условите во кампот биле лоши. Храната била ограничена до два пати дневно, имало и полицицски час. “Маките во кампот ме натера да одлучам дека ситуацијата во мојата земја е подобра”, изјави тој. Но, додека Кадир сепак имал дом и финансиска сигурност, за да се врати, 35-годишниот Науаф Алиас го очекувала само шатор и студена зима. Тој исто така го сврте грбот на европскиот сон. Тој требало да се засолне во бегалски камп крај курдскиот град Дохук, бидејќи џихадисти од “Исламска држава” му го заземале селото во 2014 година. Откако изброиле 20 000 долари на контрабандисте и по неколку неделно патување со 10-годишниот син кон Европа, за време на кој поминал 13 дена во бугарски затвор, тие стигнале источна Германија. Таму биле сместени во соба со уште други двајца бегалци. “Германската влада обезбеди храна и 540 евра на мене и мојот син, но тоа не беше доволно. Мојот син беше тажен и исплашен, тој немаше никакви пријателчиња или роднини, беше тешко да најдеш некој да зборува курдски или арапски”, изјави мажот . Сега тој повторно е во Дохук, неговата шатор е подобро мизеријата во Германија, резимира весникот. “Моите сонародници ме пречекаа добро. Дојдоа мои пријатели да пиеме пиво и да пушиме заедно како порано “, изјави ирачанецот.
Извор: Локално.мк