Заврши истрагата на местото на трагедијата на рускиот авион
Заврши истрагата на местото каде што падна рускиот авион А321, соопшти официјалниот претставник на египетската влада Хусам ал Кавиш.
“Спасувачката операција во центарот на Синајскиот Полуостров е завршена. Сега египетската влада ги насочува сите надежи на содржината на црните кутии – записите од инструментите и разговорите на екипажот. ” – рече Хусам ал Кавиш.
Според него, владата ги очекува резултатите од истрагата, во која учествуваат неколку земји, меѓу кои Русија, Франција, Германија, Ирска.
Ова е најголемата авионска несреќа во историјата на руската авијација. На 31 октомври авион Airbus-321 на компанијата “Когалимавиа”, кој леташе од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург, се урна на Синајскиот Полуостров. Во авионот имаше 214 патници и членови на екипажот. Сите загинаа.
Областа на регионот, врз која се распрснале остатоциттее од авионот, покажува дека тој се распаднал уште во воздухот.
Извор: Локално.мк