Романската влада поднесе оставка по масовните протести
Објавено на 4 ноември, 2015 во 10:13
Премиерот на Романија, Виктор Понта соопшти дека поднесува оставка по масовните протести во Букурешт, јави Радио Слободна Европа.
Причина за протестите беше пожаротво ноќен клуб во кој 32 луѓе загинаа, а десетици беа повредени на 30 Октомври. Над 20 илјади луѓе вчера бараа оставката на целата влада.
„Го предавам мандатот, поднесувам оставка, а имплицитно и мојата влада“
изјави Понта. Тој претходно поднесе оставка и од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување.
Извор: Радио Слободна Европа