Драматична порака на францускиот Премиер; Знаев дека се спремаат напади – ова не е крајот!
Францускиот премиер знаел дека се спремаат терористички напади и дека имало планови низ Франција и ширум Европа, пренесе Фактор.
Франција во наредните години ќе живее под закана од тероризам и мора да се спреми на идните напади, предупредува Мануел Валс.
-Терористите наредните денови или недели може повторно да нападнат. Не смееме да се плашиме. Мораме да се спремиме за тоа-рекол Валс.
Додал дека Франција е во војна со тероризмот и дека ќе постапува во согласност со тоа.
-На експлозија ќе одговориме со експлозија. Ќе дејствуваме, нападнеме и победеиме – рекол тој, пренесува РТ.
Терористичкиот напад во Париз е подготвуван во Сирија, рекол за радио РТ францускиот премиер. Додал дека има уште планирани напади и како мета не е само Франција туки и други европски нации.
Валс напоменал и како француските разузнавачки служби во текот на летото спречиле неколку терористички напади.
Во масакрот во петокот вечерта се убиени 132 лица, а повеќе од 350 се повредени. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.
Ширум Франција во текот на ноќта во неделата наспроти понеделникот полицијата упаднала во домот на 150 сомнителни исламисти, потврдил премиерот Валс. Во Лион во рамки на рацијата се фатени петорица терористи, а во еден стан е пронајден и ракетен минофрлач.
Извор: Фактор