Земјотрес во Грција
Објавено на 17 ноември, 2015 во 09:22
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала изутринава ги потресе Јонските острови, а се почувствува и во Атина.
Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9:10 часот по локално време (8:10 часот по средоевропско време) во крајбрежниот појас на 11 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од само пет километри.
Земјотресот траел неколку секунди и бил почувствуван на потегот од Јонските Острови и Епир до копното на Грција.