Словенија и Австрија ги затвораат границите!
Објавено на 17 ноември, 2015 во 09:53
На основа на договорот на земјите членки на Шенген, Србија е известена дека ќе дојде до затворање на границите на Словенија и Австрија, јавува РТС.
Како наведува РТС, утре вечер по враќањето на премиерот Александар Вучиќ од Бујановац и Прешево, околу 21 часот ќе се одржи уште една седница со Бирото за координација на службите за безбедност, на која ќе се разгледа ставот за тоа прашање. За затворање на границата размислува и Хрватска, како што тоа го најави и Македонија, пишува Блиц.