ФБИ: Петмина планираат напади во Рим
Објавено на 19 ноември, 2015 во 10:41
Италијанските власти се во потрага по петмина за кои се сомневаат дека планирале напади на значајни објекти во земјата, откако за ова официјален Рим добил дојава од американското Федерално истражно биро, пишува Нова.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Паоло Џанини изјави дека меѓу целите на напад се катедралата Свети Петар и миланската Скала.
Исламската држава уште минатата година во своето списание на англиски јазик „Дабик“, на насловната страна, објави форографија како на плоштадот Свети Петар во Ватикан се вее црното знаме на екстремистичката организација.