Авион со полски туристи принудно слета во Бургас
Објавено на 19 ноември, 2015 во 14:53
Авион со полски туристи кој летал од Варшава кон египетското одморалиште Хургада, претпладнето принудно слетал на аеродромот во бугарскиот град Бургас откако еден од патниците се заканил дека во леталото има поставено бомба. По слетувањето на авионот, сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.
Директорот на аеродромот, Георги Чиплинкси информира дека при претресот на леталото не била пронајдена никаква експлозивна направа. Полицијата го привела патникот кој го издал предупредувањето за бомбата. На распитот тој изјавил дека конзумирал премногу алкохол.
Извор: Радио Слободна Европа