Идентификувано женското тело по полициската акција во Париз
Објавено на 20 ноември, 2015 во 13:28
Француските власти идентификувале трето тело кое било пронајдено во стан во париското предградие Сен Дени во кој беше извршена полициска рација поврзана со минатонеделните терористички напади. Француското обвинителство соопшти дека телото на Хасна Аитбоулахчен било синоќа пронајдено.
Полицијата го пронашла и пасошот на 26 годишната девојка покрај нејзиното тело. Се претпоставува дека таа е во роднинска врска со организаторот на нападите во Париз, Абделхамид Абауд, кој исто така загина во рацијата.
Извор: Радио Слободна Европа