Заврши заложничката драма во Мали
Објавено на 20 ноември, 2015 во 17:59
Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле сите заложници кои џихадистите ги држеа заробени во хотелот Радисон Блу во Бомако, јави 24 Вести.
Претходно, неколку вооружени лица извршиле напад врз хотелот во центарот, и според информациите билансот е 18 загинати.
Напаѓачите пристигнале со дипломатско возило. Во моментот во зградата се наоѓале околу 140 гости и 30 вработени.
Безбедносните сили почнале акција против вооружените лица. Во операцијата ранети се двајца војници. Хотелот е во американска сопственост, а во него најчесто престојуваат странци.
Извор: 24 Вести.