Русија тагува по жртвите во авионската несреќа
Претседателот Владимир Путин изрази сочувство на семејствата на жртвите и вети целосна истрага за причинитe на несреќата.
Денес во Русија е ден на жалост. Земјата оддава почит на 92-те жртви во несреќата на рускиот авион Ту-154. Во трагедијата нема преживеани.
Претседателот Владимир Путин изрази сочувство на семејствата на жртвите и вети целосна истрага за причините. Околу 3.500 луѓе се вклучени во операцијата за пронаоѓање на телата на загинатите.
Авионот се урна во Црното Море непосредно по полетувањето од аеродромот во Сочи. Авионот патувал за сирискиот град Латакија, каде воениот хор “Александров” требало да одржи концерт пред руските војници.
Над 60 лица од патниците се од воениот хор. Меѓу патниците биле исто началникот на културниот оддел на военото министерство Антон Губанков и популарната во Русија хуманистка и филантроп Елизавета Глинка, позната како “Доктор Лиза”. Таа е и советник на Путин.
Засега нема никакви податоци дека можеби станува збор за терористички акт и оваа верзија не се смета како основна, објавија од истрагата.
Повеќе од 3.500 луѓе, многу бродови, хеликоптери и подводни помагала учествуваат во големата акција за пронаоѓање на остатоците од авионот и тела на загинатите.