Стотици луѓе бегале пред шумски пожар во Франција
Објавено на 10 август, 2017 во 13:10
Шумски пожар беснееше во јужниот дел на Франција, присилувајќи 400 автокампери и локални жители да бегаат, соопштија пожарникарите.
Огнената стихија е сузбиена откако опустошила 500 хектари борова шума и ниски растенија, 40 км југозападно од монпеље, соопшти противпожарната служба
Околу 200 пожарникари се уште се подготвени ако силните ветрови што се очекуваат попладнево го разгорат пожарот пак.
Кога пожарот бил најголем биле ангажирани 800 пожарникари.
Пожари беснееја минатиот месец низ јужна Франција, која е во посебно топла и сува фаза од летото, пренесува AFP.