Повеќемина повредени во експлозија во Лондон
Во полн вагон од лондонската подземна железница утрово се случила експлозија, во која има повеќемина повредени.
На местото каде што се случила експлозијата има полицајци и спасувачки екипи, соопшти Лондонската амбулантска служба. Станицата Парсонс Грин е затворена, а железничкиот сообраќај е делумно прекинат, јави полицијата во Лондон. Би-Би-Си извести дека во експлозијата има повеќемина повредени кои имаат изгореници.
На социјалните мрежи кружи слика од бела канта од која излегуваат жици, каде наводно била поставен експлозивот. Полицијата сѐ уште не ја потврдила автентичноста на фотографијата. Очевидци тврдат дека слушнале силен звук и виделе огнен ѕид во времето на експлозијата. Луѓето во паника бегале од станицата на метрото.
Во Велика Британија во сила е висок степен на предупредување од тероризам. Во четирите напади кои се случија годинава, загинаа 36 лица.
Извор: Дојче веле