Црна листа на забранета француска храна за бебиња
Француските власти забранија продажбата на млеко за бебиња и уште неколку бебешка храна произведени од францускиот концерн Lactalis, пренесе агенцијата “Ројтерс”.
Забраната беше донесена поради откриена бактерија на салмонела во храната. На малопродажните продавници им се наредува да ги повлечат достапните количини, рече француската агенција за заштита на потрошувачите DGCCRF.
Контролите врз производството е на пратки наменети за извоз во Кина, Тајван, Пакистан, Авганистан, Ирак, Мароко, Либан, Судан, Романија, Србија, Грузија, Грција, Хаити, Колумбија и Перу.
Некои количества беа наменети за регионалните пазари во Африка и Азија.
Од агенцијата велат дека Lactalis – најголемиот производител на млечни храна во светот, допуштил инфицирање на неколку видови храна и затоа е наредено тие да бидат запрени од продажба и извоз.
Забраната е донесена по 20 случаи на салмонела откриени кај деца во Франција во првите денови од декември. Претходно делумна забрана била наметната на 12 производи од лакталис поради инфекции.
Оваа недела беа откриени пет нови случаи на заразени деца. Еден од нив добил производ кој не бил вклучен во оригиналната забранета листа. Состојбата на децата веќе е подобрена, соопштија од агенцијата.
Портпаролката на Lactalis Мишеле изјави за BFM дека производите што веќе се купени може да се вратат во аптеките и супермаркетите. Тој додаде дека секој вид на салмонела може да биде убиен со вриење две минути.
Агенцијата ја објавува и целосна листа на забранета бебешка храна.