Вакцинацијата ги покажува резултатите: Пад од 92% на починати од ковид-19 во Велика Британија од пикот во јануари
Објавено на 9 април, 2021 во 08:01
09.04.2021
Според официјалните бројки на починати од коронавирусот во Англија и Велс, неделната бројка е падната за 92% од пикот на вториот бран во јануари.
Канцеларијата за национална статистика објави дека во неделата што заврши на 19 март во земјата имало 712 починати од компликации од коронавирус, додека на крајот на јануари биле 8.945.
Во неделата што заврши на 26 март, во Велика Британија починале 11.439 луѓе, што е 5% под петгодишниот просек. Минатата недела, смртните случаи биле 8% под петгодишниот просек. Од нив, 799 биле поврзани со коронавирус.
Над шест милиони Британци досега имаат примени две дози, а 31,8 милиони една. Во Велика Британија вчера имаше 3.030 нови случаи на коронавирус и 53 починати.