Учество на претседателот Пендаровски на форумот за Југоисточна Европа во организација на Маршал центар
Објавено на 29 јуни, 2021 во 10:51
Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на виртуелниот форум за Југоисточна Европа во организација на Маршал центар, европски центар за безбедносни студии на тема: „Југоисточна Европа и почетокот на новата декада“.
На форумот учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.