Во тек е етапната исплата на јулските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 27 јули, започна етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година, вторник,
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година, среда,
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година, четврток,
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година, петок.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска, 27 јули . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.