Времето денеска облачно и студено со внрежи од снег
Објавено на 1 март, 2022 во 09:34
Времето денеска облачно и студено, претежно во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Повеќе сончеви периоди ќе има во четврток. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а дневните од четврток ќе бидат во благ пораст. Нов влажен бран се очекува во сабота.